• петок, 22 ноември 2024

Шпанија: Канарските Острови нема да станат „нов Лезбос“ поради мигрантите

Шпанија: Канарските Острови нема да станат „нов Лезбос“ поради мигрантите
Мадрид, 16 ноември 2020 (МИА) - Канарските Острови, каде последните месеци пристигнуваат мигранти, не можат да се претворат во „нов Лезбос“, грчки остров на кој се наоѓаат голем број мигранти, изјави денеска шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
- Канарските Острови нема да станат нов Лезбос, истакна Гранде-Марласка.
На Канарските Острови од почетокот на годинава пристигнале повеќе од 16.000 мигранти, односно десет пати повеќе во однос на истиот период минатата година.
Шпанскиот министер се заложи претходно за враќање на мигрантите, но таа процедура е откажана уште во март поради епидемијата на коронавирусот. гт/

Остани поврзан