• петок, 22 ноември 2024

Шојер ја критикува соработката во ЕУ: Колони камиони на границите

Шојер ја критикува соработката во ЕУ: Колони камиони на границите
Берлин, 16 април 2020 (МИА) - Германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер го критикуваше недостигот на договор на европско ниво за прекуграничен товарен транспорт, затоа што на границите се формираат големи колони камиони. -Малку сум незадоволен од европскиот пристап, изјави Шојер за германскиот јавен сервис АРД. Тој рече дека транспортот на стоки функционира и оти снабдувањето на продавниците во Германија е загарантирано. Сепак, тој укажа дека има големи колони камиони на границите. - Тоа можеме да го решиме само билатерално, затоа што не постои никаков европски договор за прашањето на граничните режими, истакна Шојер. Тој рече дека поради тоа мора да го решава овој проблем со многу директни телефонски разговори со властите, пред во Полска и Чешка. јт/

Остани поврзан