• четврток, 19 декември 2024

Шкријељ: Ќе дадеме поддршка за секој предлог што значи заштита на антифашистичките вредности

Шкријељ: Ќе дадеме поддршка за секој предлог што значи заштита на антифашистичките вредности
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Законот за здруженија и фондации навистина бара ревидирање, бидејќи станува збор за закон којшто е стар веќе десетина години. Апсолутно го поддржуваме правото на слобода на здружување, но исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на кои се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, така што секој предлог што е во таа насока ќе го поддржиме, изјави денеска пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ во Собранието. Таа, одговарајќи на прашање дали на денешната пленарна седница ќе дадат поддршка на законските измени за овој закон предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека ќе дадат поддршка и оти се согласуваат дека има потреба од носење на такви законски измени. - Тоа значи да, поддршка, денес се утврдува потребата од носење на такви законски измени, а ние се согласуваме дека има потреба од носење на такви законски измени, рече Шкријељ. Пратеничката информира дека Владата во собраниска процедура влегува предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.  Овој закон, појасни таа, обезбедува финансиска поддршка за најранливите категории во време на криза и опфаќа околу 180 илјади граѓани. - Во следните четири месеци предвидена е финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12 илјади денари да добијат - корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица или популарно познато како социјална пензија, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надомест заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствена состојба кои користат надомест за помош и нега од друго лице а не користат права на надомест заради попреченост и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, информира Шкријељ. Финансиска помош од 3 000 до 6 000 денари за период од четири месеци ќе добијат и пензионерите со пензии до 14 илјади денари. - Како пратеници поднесовме предлог измени во законите за социјална и детска заштита, кои значат покачување на правото за посебен додаток од 15 проценти за сите три категории корисници. Со предложени измени во законот за социјална заштита се предвидува и намалување на возрасната граница за користење на правото за траен надомест на 60 години за жени и 62 за мажи барање од родителите на децата со попреченост и промена на критериумите за користење на личната асистенција односно дополнување со комбинирана попреченост каде доминантна е телесната. Ова значи дека личната асистенција ќе можат да ја користат и лицата со церебрална парализа, информира Шкријељ. Таа ги повика сите пратеници да дадат поддршка на измените на законите, како што рече, за кои веќе се обезбедени средства во Буџетот, а со цел исплатата на помошта да започне од идниот месец. - Особено апелирам до колегите од ВМРО-ДПМНЕ кои често знаат да блокираат закони кои се во интерес на граѓаните. Денеска на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата ги повикуваме да се откажат од блокадите и дадат поддршка на законските измени.Потребно е ефикасно делување и носење соодветни мерки за помош на граѓаните, рече Шкријељ. мс/лв/  

Остани поврзан