Шерон Стоун сѐ поцврсто на ставот за природно стареење
- Таа веќе не планира козметички зафати, иако претходно користела ботокс, иако еден од бившите партнери ја напушти поради оваа одлука... Не го откри неговото име.

Лос Анџелес, 2 септември 2022 (МИА) - Шерон Стоун е една од ретките жени во Холивуд која гордо ги истакнува своите несовршености и не се плаши од бројот на свеќичките на роденденската торта.
Со својата нова изјава за ботоксот уште еднаш го потврди тоа. Имено, холивудската ѕвезда во своето последно интервју за „Вог Арабија“ (Vogue Arabia), откри дека веќе не планира козметички зафати, иако претходно користела ботокс, а еден од бившите партнери ја напушти поради оваа одлука... Не го откри неговото име.