• понеделник, 23 декември 2024

Шерон Стоун како негативка во суперхеројски филм на „Ди-си комикс“

Шерон Стоун како негативка во суперхеројски филм на „Ди-си комикс“
Лос Анџелес, 31 март 2022 (МИА) - Ѕвездата на „Основен инстинкт“ и „Специјалист“, Шерон Стоун ќе ја портретира злобната Викторија Корд во суперхеројскиот филм на режисерот Анхел Мануел Сото -  „Сина бубачка“ (Blue Beetle), којшто ќе се појави во американските кина следната година. Филмската ветеранка, која е среде седмото десетлетие од својот живот, и претходно се појави во остварување на продукцијата „Ди-си комикс“, и тоа како злобната богаташка од козметичката индустрија, Лорел Хедер во „Жената-мачка“ (Catwoman). Според ИМДБ, во филмот од мексиканско-американска продукција, ќе глумат и Харви Џулиен, Чоло Маридуења и други, а премиерата е закажана на 18 август 2023 година.  си/ми/ https://www.youtube.com/watch?v=qgcSr2ZXZ90

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан