Шелтон прв полуфиналист на Мастерсот во Париз
- Американецот Бен Шелтон е првиот полуфиналист на Мастерсот 1000 што се игра во Париз
Париз, 6.ноември 2026 (МИА) – Американецот Бен Шелтон е првиот полуфиналист на Мастерсот 1000 што се игра во Париз. Тој во денешното прво четвртфинале го совлада сонародникот Томи Пол со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 6:3). Шелтон го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но во следниот Пол „врати на ист начин“. Во решавачкиот сет првата брејк-топка ја имаше во вториот гем, но не ја искористи за тоа да го стори во четвртиот гем и да поведе со 3:1. Предноста од брејк за сочува до крајот на мечот искористувајќи ја првата меч топка.
Негов ривал во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот меѓу Лук ван Аше и Ринки Хаџиката.
Во другите два меча од четвртфиналето ќе играат Карлос Алкараз и Тејлор Фриц, како и Каспер Руд против Нуно Боржес. мн/
Фото: ЕПА