• сабота, 23 ноември 2024

Шахпаска: Позитивното искуство ги натерало семејството Крчови повторно да згрижат дете без родители

Шахпаска: Позитивното искуство ги натерало семејството Крчови повторно да згрижат дете без родители
Скопје, 26 август 2021 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети згрижувачкото семејство Крчови од Кавадарци. Семејството Крчовски има згрижено 14-годишно момче, кое е без родителска грижа. Тие претходно три години се грижеле за дете кое било со пречки во психофизичкиот развој. - Со ваквиот чин му пружија љубов, грижа и заштита, толку неопходни за развојот на секое едно дете. Во семејството момчето е веќе две години и мило ми е што ги има сите услови кои едно згрижувачко семејство може и треба да му ги даде, изјави Шахпаска. Од Министерството истакнаа дека ќе продолжат со обезбедување поддршка на децата без родители и родителска грижа, со цел да се мотивира и да расте бројот на згрижувачки семејства. - Згрижувачките семејства се најсовршениот облик за обезбедување на здрава и сигурна средина за раст и развој на децата кои од различни причини останале без родители или родителска грижа, додаваат од Министерството. Според податоците, во Република Северна Македонија има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца. Неодамна се отворено два Центри за поддршка на згрижувачки семејства во Битола и Скопје, коишто на згрижувачките семејства им нудат стручната помош, обука и поддршка. ки/дма/

Остани поврзан