Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација од исклучителна важност за граѓаните
- Собранието на Република Северна Македонија со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација. Усвојувањето на овој закон е од исклучително значење пред се за граѓан

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација. Усвојувањето на овој закон е од исклучително значење пред се за граѓаните, напиша денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на својот фејсбук-профил по донесувањето на Законот.
Тој, како што вели Шахпаска, јасно ги дефинира основите на дискриминација, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во согласност со меѓународните стандарди и европската регулатива.
Воедно, пишува министерката, тој ја регулира и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како независно тело составено од професионалци од областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата. сст/са/