Честитка од Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС по повод 1 Октовмри-Меѓународниот ден на старите лица
- Како дел од Европската федерација на пензионери и постари лица - ФЕРПА, повикуваме да се почитуваат четирите главни столба кои организацијата ги постави за свои приоритети. Тие вклучуваат: право на пристојни пензии, право на долгорочна и квалитетна здравствена грижа, право на квалитетно сместување кое ги зема предвид потребите на постарите лица и правото на други основни услуги, вели Пензионерскиот синдикат на Македонија честитајќи го 1 Октовмри – Меѓународниот ден на старите лица.
Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Како дел од Европската федерација на пензионери и постари лица - ФЕРПА, повикуваме да се почитуваат четирите главни столба кои организацијата ги постави за свои приоритети. Тие вклучуваат: право на пристојни пензии, право на долгорочна и квалитетна здравствена грижа, право на квалитетно сместување кое ги зема предвид потребите на постарите лица и правото на други основни услуги, вели Пензионерскиот синдикат на Македонија честитајќи го 1 Октовмри – Меѓународниот ден на старите лица.
Од Синдикатот ги повикуваат властите во Македонија во целост да ги овозможат овие потреби и да се применуваат во пракса, бидејќи само така можеме да создадеме подобар живот за нашите пензионери и постари лица.
Повторно го поздравуваме зголемувањето на пензиите во изминатиот период, но и посочуваме дека потребно е да продолжат да растат, за да се продожи да се подобрува социо-економскиот статус на пензионерите.
Кон честитката и горенаведеното се придружува и Здружението за остварување на пензионерските права ПЕНЗИОНЕРИ КСС-ПСМ. сст/са/
Фото МИА архива