• недела, 22 декември 2024

Чесите протестираа против растечкиот популизам и екстремизам, ја поддржаа Украина

Чесите протестираа против растечкиот популизам и екстремизам, ја поддржаа Украина
Прага, 30 октомври 2022 (МИА) -  Десетици илјади Чеси се собраа на главниот плоштад во Прага денеска за да протестираат против зголемениот популизам и екстремизам, два дена откако коалицијата на екстремно десничарските политички движења, маргинални групи и Комунистичката партија одржаа протест на истото место. Веејќи чешки, американски, НАТО и украински знамиња,   изразија поддршка за Украина во нејзината војна против Русија, за разлика од протестот во петокот кога организаторите  кои беа против Европската унија и НАТО повикаа на директни преговори со Москва за снабдување со гас. Организаторите објавија дека - и покрај стравувањата за високите цени на енергијата и војната во Украина - иднината на демократијата е загрозена. Демонстрациите вклучија и видео настап на украинската прва дама Олена Зеленска, која ги повика луѓето да останат фокусирани на она што се случува во нејзината земја. Високите цени на енергијата, поттикнати од војната во Украина, го зголемија притисокот врз владите ширум Европа да го ублажат ударот од зголемените трошоци за енергија за потрошувачите и бизнисите. Во Чешка, владата на премиерот Петр Фиала ги поддржа санкциите на ЕУ против Русија и зазеде цврст став против инвазијата на Москва на Украина. Донесе и низа мерки, вклучително и финансиска помош за компаниите и ограничувања на цените на струјата за домаќинствата. зш/

Остани поврзан