Целосно изгорени две куќи во пожар во Лисиче, едно лице повредено
- Целосно изгореле две куќи во пожар пријавен рано наутро во Лисиче, едно лице било пренесено на Клинички центар поради повреди, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Целосно изгореле две куќи во пожар пријавен рано наутро во Лисиче, а едно лице било пренесено во Клиничкиот центар поради повреди, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
- Денеска околу 1:30 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ - Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С., на возраст од 61 година и Д.Ѓ., 30-годишно лице, а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г., на 57-годишна возраст. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита - Скопје. С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, појаснија од МВР.
Како што се додава во соопштението, увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден. бд/бак/
Фото: МИА архива