• недела, 19 мај 2024

Целосно е реконструирано детското игралиште на улица „Варшавска“ во Тафталиџе 1

Целосно е реконструирано детското игралиште на улица „Варшавска“ во Тафталиџе 1
Скопје, 29 април 2021 (МИА) – Општина Карпош ги замени старите и дотраени реквизити со нови на детското игралиште на улица „Варшавска“ во населба Тафталиџе 1. Од Општината информираат дека потребата за обнова на оваа зона е од големо значење бидејќи ја користат деца кои живеат во околните куќи и згради. - Во изминатиот период, локалната самоуправа ги обнови и детските игралишта спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ (УЗ „Пецо Божиновски – Кочо“), во Влае 2 (долж Кејот), во Карпош 4 (ул. „Никола Парапунов“), Козле (на ул. „Јуриј Гагарин“) и во Жданец, соопшти Општина Карпош. Од Општината апелираат до граѓаните одговорно да ги користат поставените реквизити и урбана опрема, бидејќи се поставени со пари на граѓаните.  На територијата на Карпош има повеќе од 60 зони за најмладите, а од Општината велат дека редовно се врши санација и реконструкција на сите овие простори. ки/дма/

Остани поврзан