Цветановски потпиша за Железничар
- Македонскиот фудбалер, Матеј Цветаноски и официјално потпиша за Железничар, соопштија од босанскиот клуб.

Сараево, 12 јули 2024 (МИА) - Македонскиот фудбалер, Матеј Цветаноски и официјално потпиша за Железничар, соопштија од босанскиот клуб.
Според информациите, крилниот напаѓач потпишал двегодишен договор.
Минатата сезона Цветаноски играше за Брера во ПМФЛ, во која постигна четири гола и исто толку асистенции.
Во кариерата настапувал и за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи, унгарски Ѓирмот и албански Партизани. дс
Фото: Железничар