• понеделник, 23 декември 2024

Хрватската амбасадорка Тигањ во работна посета на Валандово

Хрватската амбасадорка Тигањ во работна посета на Валандово
Гевгелија, 18 март 2022 (МИА) - Во работна посета на Валандово престојуваше хрватската амбасадорка во нашата земја Нивес Тигањ, која оствари работен состанок со градоначалникот Перо Костадинов. Нивес и Костадинов разговарале за поврзаноста на нашите народи и култури,за меѓусебната подршка како и за важноста од вмрежувањето на граѓаните на локално ниво. За таа цел, Општина Валандово започна процес на поврзување со хрватската општина Постира од островот Брач со која веќе се воспоставени официјални комуникации и договорена е соработка како прв чекор кон збратимување на двете општини што за Валандово ќе значи отворање на уште една европска врата. - Посакувам заедно како пријателски народи да градиме иднина на европска сцена,да ги зближиме општествата,да ги испреплетиме различностите,да отвораме нови перспективи за заедниците и да напредуваме со заемно поддржување, рече валандовскиот градоначалник Костадинов. им/фф/

Остани поврзан