• сабота, 16 ноември 2024

Холанѓанката Бол постави светски рекорд на 400 метри во сала

Холанѓанката Бол постави светски рекорд на 400 метри во сала

 

Глазгов, 3 март 2024 (МИА) – Холанѓанката Фемке Бол го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри во сала, истрчувајќи ја патеката синоќа на Светското првенство во сала во Глазгов во време од 49 секунди и 17 стотинки.

За Бол ова е прв златен медал на СП во сала, триумфирајќи пред сонародничката и блиска пријателка Лиеке Клавер (50.16) и Американката Алексис Холмс (50.24).

Феноменалната Бол за седум стотинки го собори сопствениот светски рекорд кој го истрча пред само 14 денови на националното првенство.

Бол лани на СП на отворено во Будимпешта освои злато на 400 метри со пречки и во штафетата 4 × 400 метри.ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан