• четврток, 08 јануари 2026

Фулам поднесе жалба за голот од „офсајд“ на Ливерпул

Фулам поднесе жалба за голот од „офсајд“ на Ливерпул

Лондон, 7.јануари 2026 (МИА) – Голот на Флоријан Вирц и Ливерпул за 1:1 на дуелот со Фулам и натаму привлекува внимание. Ова откако Фулам поднесе жалба за признавањето на голот, кој беше потврден и со ВАР технологијата. Екипата од Лондон смета дека претходно имало офсајд позиција.

Фулам упати и официјален приговор до телото задолжено за судење во Англија барајќи објаснување. Овој случај повторно отвори дебата за примената на ВАР технологијата во Премиер лигата. Помошниот судија не го крена знаменцето за офсајд, а снимките покажуваат дека играчот е потенцијална „недозволена позиција“. Голот е потврден по проверката на полуавтоматската технологија.

Фулам бара објаснување за признавањето на голот, особено што стручниот штаб за време на натпреварот имаа кадар дека Вирц е во офсајд.

Натпреварот Фулам – Ливерпул заврши со резултат 2:2. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан