Фудбалскиот судија Кут со нова суспензија од Англискиот сојуз
- Англискиот фудбалски сојуз (ФА) го казни поранешниот судија од Премиер лигата Дејвид Кут на два месеца за навредите на социјалните мрежи за поранешниот тренер на Ливерпул
Лондон, 12.август 2025 (МИА) - Англискиот фудбалски сојуз (ФА) го казни поранешниот судија од Премиер лигата Дејвид Кут на два месеца за навредите на социјалните мрежи за поранешниот менаџер на Ливерпул. И покрај извинувањето од страна на судијата за грубите коментари, тој покрај суспензијата ќе мора да мине и курс против насилство на интернет.
Во ноември месец минатата година на интернет се појави видео клип како Кут упатува погрдни зборови за националноста на германскиот тренер, а видеото е снимено во јули 2020 година кога Клоп беше на клупата на Ливерпул.
Еден месец подоцна Премиер лигата го отпуши Кут, а брзо стигна суспензија за него и од УЕФА откако на видео кое се прикажува користи кокаин за време на Европското првенство. Казната од УЕФА му истекува на 30.јуни 2026 година. мн/
Фото: ЕПА