• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фудбалер од Габон почина во Кина откако падна од 11 кат

Фудбалер од Габон почина во Кина откако падна од 11 кат

Пекинг, 16 април 2025 (МИА) - Напаѓачот на Габон, Арон Бупенџа, почина во Кина по пад од зграда од 11. кат, објави „Fanatik“.

Смртта на играчот ја потврди тренерот на букурешки Рапид, Мариус Шумудица.

Полицијата разгледува неколку верзии за тоа што се случило, меѓу кои и проверка на информации за кавга меѓу фудбалерот и неговиот брат, кој во тој момент бил во станот.

Бупенџа играше за Жеџјанг Професионал и договорот му беше со важност до декември 2026. Претходно играше за Рапид Букурешт, Синсинати, Ал Шабаб, Ал Араби и Хатајспор. 

За габонската репрезентација Бупенџа одигра 35 натпревари од 2016 до 2023 година и постигна осум гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан