• четврток, 20 февруари 2025

Форум во рамки на проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“

Форум во рамки на проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Во рамки на проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“ денеска во Охрид ќе се одржи форум на сите засегнати страни потрошувачи, локални медиуми, претставници од локална самоуправа, Совет за заштита на потрошувачи на Охрид, претставници од јавните комунални претпријатија...

На форумот ќе бидат презентирани наодите од Истражување на задоволството на граѓаните од услугите на јавните комунални претпријатија на општина Охрид, Извештајот за спроведените интервјуа со јавните комунални претпријатија и претставници на Општина Охрид и Предлог насоките за подобрување на електронската достапност на административните постапки за комуналните услуги во општина Охрид.

-Потоа на форумот ќе се отвори дискусија со присутните засегнати страни за прифаќање на Предлог-насоките и нивна имплеметација во работата на јавните комунални претпријатија и локалната администрација. Добиените сугестии и предлози од овој Форум од заинтересирани страни ќе бидат вклучени во подобрување на Предлог-насоките, велат организаторите.

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) врз основа на договор со Институтот за европски политики (ЕПИ), го реализира проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“.

Овој проект е дел од грантовата шема за доделување на мали грантови од областа на реформата на јавната администрација во рамките на проектот WeBER 3.0, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Австриската Развојна агенција. сст/аа/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан