• четврток, 04 декември 2025

Фламенго освојувач на Копа Либертадорес

Фламенго освојувач на Копа Либертадорес

Лима, 30.ноември 2025 (МИА) – Бразилската екипа Фламенго е освојувач на Копа Либертадорес и со тоа испиша историја како прв бразилски тим со четири трофеи во најсилното натпреварување во Јужна Америка.

Екипата од Рио до победата од 1:0 против Палмеирас од Бразил стигна со голот на Данило во 67.минута. На тој начин тој стана првиот фудбалер со две титули во Лигата на шампионите и Копа Либертадорес (две титули со Реал Мадрид и една претходно со бразилски Сантос).

За Фламенго ова беше трета титула во последните седум сезони.

Финалето се одигра во главниот град на Перу, Лима.  мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан