• петок, 05 декември 2025

ФК Арсенал од Тиват исфрлен од еврокуповите на 10 години

ФК Арсенал од Тиват исфрлен од еврокуповите на 10 години

Подгорица, 16.јули 2025 (МИА) - Фудбалскиот клуб Арсенал од Тиват е исфрлен од европските купови на 10 години поради наместени резултати. Како што пренесуваат медиумите од Црна Гора, тимот ќе треба да плати и казна од половина милион евра, а казнети се фудбалери и претставникот на клубот. 

Фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни казни за забрана за работа во фудбал, додека 10 годишни казни добија Четко Манојловиќ, Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ. 

Казните се однесуваат на натпреварот од Конференциската лига одигран пред две години со Алашкерт. Арсенал Тиват како домаќин загуби со 6:1, а до 35.та минута резултатот бил 0:0. Обложувалниците примиле уплати од повеќе од 250.000 евра за играта „2+“ во првите 45 минути. Обложувалниците се обиделе да „се заштитат“, но некои не успеале. 

Но, тоа не беше се, во второто полувреме почнале да стигнуваат уплати за 5+ и 7+, објави полска ТВП, пишуваат Вијести.  мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан