• понеделник, 23 декември 2024

Уште една жртва од коронавирусот во Словенија

Уште една жртва од коронавирусот во Словенија
Љубљана, 25 март 2020 (МИА) - Бројот на починати лица во Словенија како последица од Ковид-19 се зголеми на четири, јави дописникот на МИА од Љубљана. Во последниот случај се работи за повозрасна жена сместена во домот за стари лица во местото Шмарје при Јелшах. Според информациите на словенечките медиуми, станува збор за лице кое и претходно имало здравствени проблеми. Токму во овој дом има поголем број случаи на заразени со коронавирусот. Според последните информации, таму 24 повозрасни лица и шест вработени се позитивни на вирусот. Вчера, пак, 67-годишен маж, почина од Ковид-19, а во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана беше донесен по домашно лекување и во тешка состојба. ав/гт/

Остани поврзан