• петок, 22 ноември 2024

Украинското обвинителство се откажа од притворање на Порошенко

Украинското обвинителство се откажа од притворање на Порошенко
Киев, 18 јуни 2020 (МИА) - Украинското обвинителство се откажа денеска од барањето за притворање на поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на истрагата за злоупотреба на положбата во текот на неговиот мандат. Претставник на обвинителството на денешното сослушување во Киев побарал од Порошенко да се јавува на судските покани и да не ја напушта земјата. Судот закажа за 1 јули разгледување на новото барање на обвинителството, кое претходно наведе дека ќе побара притвор за поранешниот шеф на државата. Порошенко, кој моментно е опозициски пратеник, пристигна на сослушувањето, а пред судот биле собрани околу 1.000 негови приврзаници. Порошенко (54), кој се збогати во индустријата со слатки и производство на автобуси, е осомничен дека го принудил шефот на разузнавачките служби да ја злоупотреби службената должност при именувањето на еден свој помошник во 2018 година. Поранешниот шеф на украинската држава ја оцени кривичната постапка како „одмазда“. гт/

Остани поврзан