• вторник, 21 април 2026

Украинската ПВО одбива руски воздушен напад на периферијата на Киев

Украинската ПВО одбива руски воздушен напад на периферијата на Киев

Киев, 27 август 2023 (МИА) - Украинската противвоздушна одбрана го одбива рускиот воздушен напад на периферијата на Киев, кој започна рано утринава, јавија светските агенции, повикувајќи се на воената администрација на украинската престолнина.

Извор сведочеше за агенциите дека слушнал звук од експлозии. Воздушна тревога е активирана низ цела Украина во 5 часот изутринава. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан