• понеделник, 23 декември 2024

Угостителски објект во Мала Речица работел по 23 часот, сопственикот лишен од слобода

Угостителски објект во Мала Речица работел по 23 часот, сопственикот лишен од слобода
Скопје, 24 октомври 2020 (МИА) - Сопственик на угостителски објект во тетовското село Мала Речица е лишен од слобода бидејќи објектот работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости. - На 24 октомври 2020 околу 00:40 часот во село Мала Речица-Тетовско од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Ш.А.(48) од село Мала Речица затоа што неговиот угостителски објект работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости, се вели во билтенот на полицијата. Се работи на расчистување на случајот. мс/ац/ фото МИА архива

Остани поврзан