Убедлив пораз на јуниорките на стартот на ЕП Б дивизија, со добра прва четвртина
- Пораз во првото коло на женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија на Европското првенство Б дивизија што се игра во Литванија
Алитус, 4.јули 2025 (МИА) - Пораз во првото коло на женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија на Европското првенство Б дивизија што се игра во Литванија. Поуспешни од нашите јуниорки беа врсничките од Романија кои остварија победа од 87:45 (13:16; 24:11; 25:9; 25:9).
Македонија имаше добар старт на натпреварот и предност од десет разлика (16:6), но противникот брзо најде против игра и потоа имаше целосна контрола над резултатот.
Најефикасна во македонскиот состав беше Ања Начевска со 11 поени, која воедно имаше и 13 скокови, додека Ива Колева имаше 9 поени.
Утре во рамките на 2.коло од групата А, Македонија од 17 часот ќе игра против Германија. мн/
Фото: Фејсбук Македонска кошаркарска федерација