Убедлив пораз на младинките од Исланд на Европското првенство
- Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз со 48:26 од Исланд во натпревар од групата за разигрување на Европското првенство што се игра во Црна Гора
Подгорица, 15.јули 2025 (МИА) - Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз со 48:26 од Исланд во натпревар од групата за разигрување на Европското првенство што се игра во Црна Гора.
Македонија имаше само едно водство од 1:0, а во два наврати резултатот беше нерешен. По 2:2 Исланд направи серија од 5-0 и со тоа ја навести победата, а откако имаше уште една серија од 6-0 предноста на Исланд веќе беше и двоцифрена.
Во второто полувреме противникот го зголеми водството и ја потврди победата.
На вториот дуел од групата Полска ја победи Литванија со 24:18.
Македонија до крајот на шампионатот ќе разигрува за пласман од 17-24.место. мн/
Фото: Фејсбук Ракометна федерација на Македонија