• вторник, 26 ноември 2024

Турција ги затвора џамиите за групни молитви

Турција ги затвора џамиите за групни молитви
Анкара, 16 март 2020 (МИА) - Турција соопшти дека до преземање на нова мерка ги прекинува групните молитви во џамиите, вклучително и големата петочна молитва, со цел да ја ограничи опасноста од ширење на коронавирусот. - Потребно е да се прекинат групните молитви во џамиите, изјави шефот на турската Управа за верски прашања, Али Ербас. Тој истакна дека околу 90.000 џамии во земјата ќе останат отворени, доколку верниците сакаат да дојдат поединечно да се помолат. Турција во последните денови ги заостри мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 во земјата. Според официјалните податоци, во Турција има 18 случаи на зараза. Турските власти вчера ставија во карантин илјадници верници кои се вратиле од Саудиска Арабија. гт/

Остани поврзан