• недела, 22 декември 2024

Тупанчески: По барањата за трансфер на осудените лица се постапува во предвидените рокови

Тупанчески: По барањата за трансфер на осудените лица се постапува во предвидените рокови
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави дека по барањата за трансфер на осудените лица се постапува во однос на роковите коишто се предвидени и според Конвенцијата и според Националната регулатива. - Има повеќе постапки коишто се однесуваат за трансфер на осудените лица и не е само „Диво Насеље“, има поднесено уште неколку барања. Барањата се разгледуваат, тие се во Министерството за правда и се постапува во однос на роковите што се предвидени и според Конвенцијата и според Националната регулатива, одговори рече Тупанчески на новинарско прашање за трансферот за осудените лица за „Диво Насеље“. Тој додаде дека со сите држави имаме одлична соработка.ки/са/

Остани поврзан