• среда, 27 ноември 2024

Три нови кружни текови до крајот на месецов во Кичево

Три нови кружни текови до крајот на месецов во Кичево
Кичево, 5 јули 2021 (МИА) - Кичево е град со најмногу кружни текови во земјава после Скопје, а до крајот на месецов  ќе добие уште три нови кружни текови , од кои првиот е во завршна фаза на крстосницата на улиците „11 Септември“ и улицата „Борис Кидрич“. -За да се реши овој долго годишен проблем во сообраќајот на улица„ Борис Кидрич“, пристапивме кон изградба на три нови кружни текови на трите најчуствителни крстосници.Осовината на овие кружни текови ќе биде со пречник од 6, 10 метри и ќе бидат доволно безбедни за движење и на големи товарни камиони. Првиот кружен тек ќе биде завршен од наша страна до крајот на оваа седмица, по што продолжуваме со изградба и на вториот кружен тек на крстосницата од улиците „Борис Кидрич“ и „4 –ти Јули“. Третиот кружен тек ќе биде на местотото на стариот кружен тек на крстосницата помеѓу улиците „Рудничка“ и „Борис Кидрич“, вели Ружди Алиу од компанијата изведувач на работите „ГП Линди“ од Кичево. Тој додава дека по завршувањето на градежниот дел, ќе се пристапи и кон хортикултурно уредување на кружните текови од страна на комуналното претпријатие, ќе се засадат зимзелени растенија и трева, кои ќе бидат поврзани со градскиот водовод и редовно ќе се наводнуваат по системот капка по капка, со што ќе се подобри и есететскиот изглед на овие крстосници и воопшто на овој дел од градот. за//лв/

Остани поврзан