Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
- Тимот на Лос Анџелес лејкерс рано утрово на домашен терен го совлада Сакраменто кингс со 131:127 во натпревар од регуларниот дел на сезоната 2024/25 во НБА-лигата.

Лос Анџелес, 27 октомври 2024 (МИА) – Тимот на Лос Анџелес лејкерс рано утрово на домашен терен го совлада Сакраменто кингс со 131:127 во натпревар од регуларниот дел на сезоната 2024/25 во НБА-лигата.
Најпродуктивен играч на средбата беше Леброн Џејмс, кој постигна трипл-дабл - 32 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Трипл-дабл кај гостите забележа Домантас Сабонис (29+12+10).
Лејкерси ја постигнаа третата победа во низа од почетокот за почеток на сезоната и се на третото место во Западната конференција на НБА.
Сакраменто го претрпе вториот пораз и се наоѓа на 12. место. зс/
Фото: ЕПА