• четврток, 04 декември 2025

Триесет и три години од основањето на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши (1992-2025)

Триесет и три години од основањето на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши (1992-2025)

Скопје, 29 април 2025

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши годинава ја одбележува 33-годишната посветеност на заштитата на детските права, постојаната ангажираност и активната улога во градењето мир и меѓусебно разбирање. Со непоколеблива посветеност и визија за праведен свет за секое дете, продолжуваме!

👉 По тој повод, Меѓаши со гордост ја најавува промоцијата на повеќе значајни активности и материјали:

🌐 Нова веб-страница – современо дизајнирана и функционална платформа која овозможува подобра достапност на информации и услуги за децата, јавноста и институциите. https://www.childrensembassy.org.mk/pocetna.nspx

🎥 Документарен филм: ,,30 години Меѓаши” – Документирано сведоштво за развојот, достигнувањата и влијанието на Меѓаши низ годините

➡️  Како настана и започна Меѓаши!

Исто така, достапни се уште два кратки видео-прилози поврзани со историјата и работата на организацијата:

📺Како започна приказната на Меѓаши

📺Како Меѓаши влијаеше на општеството

📖Монографија: “30 години Меѓаши” – Публикација која ја отсликува историјата на организацијата, активностите и резултатите во изминатите три децении:

Целосна верзија (PDF)

Скратена верзија (Scribd)

🔢Меѓаши низ бројки – Преглед на главните достигнувања, иницијативи и влијанието на Амбасадата во текот на 33 години

Преку овие промотивни материјали, Детската амбасада МЕЃАШИ не само што го документира своето повеќедецениско активно дејствување, туку и ја засилува својата мисија за поттикнување на одговорноста, едукација и активирање на пошироката јавност во поддршката на децата, воедно потсетувајќи на важноста од мировното образование и градење култура на мирот од најмала возраст.

#Меѓаши33 #ДетскиПрава #ЗаштитаНаДецата #33годинипостоење #ПоправеденСветЗаСекоеДете #33Megjashi

Прва детска амбасада во светот – Меѓаши

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан