• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска: Продолжуваме да се залагаме за унапредување на квалитетот на живот на лицата со оштетен слух

Тренчевска: Продолжуваме да се залагаме за унапредување на квалитетот на живот на лицата со оштетен слух
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претставниците на Националниот сојуз на глуви и наглуви. За време на средбата се разговараше за стандардизација на знаковниот јазик, право на толкувачи за лицата кои се целосно глуви, покачување на додатокот за попреченост како и обезбедување услови за инклузија во градинките за дечињата со оштетен слух. -Како Министерство за труд и социјална политика секогаш сме спремни да ги направиме потребните чекори кон унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Целиме кон тоа да носиме решенија на долг рок за барањата кои се пред нас и предизвиците кои што произлегуваат од истите. За да пристапиме кон решавање потребни се поголем број на информации кои ќе ни послужат при доставување на трајни решенија, посочи Тренчевска. Министерката, како што информира МТСП, истакна дека треба да се пристапи кон изработка на нацрт активности кои што ќе вклучуваат, временски рок, финансиска конструкција како и стратегија. -Инклузијата во градинките е наш приоритет, затоа секогаш е од особена важност да располагаме со реалната слика за предизвиците со кои се соочуваат децата со попреченост во детските јавни установи, изјави Тренчевска. Таа се осврна и на можноста преку Оперативниот план на активни мерки и програми лицата со оштетен слух да се вклучат на пазарот на трудот со цел подобрување на нивниот животен стандард како и нивни излез од социјален ризик. На средбата министерката и претставниците од Сојузот се согласија на понатамошна меѓусебна соработка која ќе оди во прилог на лицата со оштетен слух. сст/

Остани поврзан