• четврток, 21 ноември 2024

Тренчевска и Битиќи го одбележаа Светскиот ден на детето со отворање на објектот „Кокиче“ во состав на градинката „Весели цветови“ во Општина Кисела Вода

Тренчевска и Битиќи го одбележаа Светскиот ден на детето со отворање на објектот „Кокиче“ во состав на градинката „Весели цветови“ во Општина Кисела Вода

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска присуствуваа на отворањето на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови“ во Општина Кисела Вода.

-Доградбата на градинката обезбедува место во објектот за уште 56 деца. Градежните работи се инвестиција на Општина Кисела Вода, рече Тренчевска, истакнувајќи дека МТСП преку програмата за капитални инвестиции во детска заштита има инвестирано во набавка, испорака и монтажа на опрема во вредност од 1.377.671 денари, додавајќи дека се зајакнуваат заедничките напори помеѓу локалната самоуправа и централната власт за подобрување на образовната инфраструктура на намладите граґани.

Посочи дека до крајот на 2023 е предвидено да се отворат дополнителни капацитети, кои обезбедуваат грижа и образование за 529 деца.

-До крајот на 2024 година, нашата цел е да создадеме дополнителни 1.653 места и тоа во Гостивар, Прилеп, Велес, Арачиново, Кочани, Василево, Липково, Дебар, Могила, Гевгелија, Чаир, с. Ерџелија и Делчево. Ова се цврсти чекори кон градење посветла иднина за нашата заедница, негувајќи го потенцијалот на секое дете и поддржувајќи ги семејствата во нивната потрага по квалитетна грижа за децата, изјави Тренчевска.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во извјава за медиумите ги истакна досегашните достигнувања на Владата во однос на детската заштита со фокус на досегашните инвестиции во нови објекти.

-Од почетокот на мандатот на Владата во периодот од 2017-2023 година, отворени се вкупно 83 градинки или проширување на градинки низ целата држава, со кои е зголемен капацитетот на деца за околу 8.000 нови места. Во моментов од 80 општини колку што има низ цела држава, во 75 од нив имаме отворени градинки, а со новата градинка која ќе се отвори во Арачиново, оваа бројка ќе биде 76. Градинките не се само градежен проект, туку инвестиција во потенцијалот на секое дете. Инвестираме во секое дете, градиме едно општество за сите, рече Битиќи. ра/нд/

Фото: Министерство за труд и социјална политика

 

 

 

Остани поврзан