• понеделник, 23 декември 2024

Тајгер Вудс обвинет за сексуална злоупотреба

Тајгер Вудс обвинет за сексуална злоупотреба

Лос Анџелес, 8 мај 2023 (МИА) - Ерика Херман, поранешна девојка на Тајгер Вудс - 15-кратниот шампион во голф, го обвини спортистот за сексуално вознемирување и злоупотреба, јави Си-ен-ен.

Вудс, еден од најголемите голфери на сите времиња и една од највлијателните личности во светскиот спорт, имал секс со своја вработена и потоа, како што тврди таа, ја принудил да потпише договор за необјавување на тој податок, или да се соочи со отказ, се наведува. А, кога тој решил да се разделат, ја принудил да го напушти неговиот дом, ѝ одзел пари, миленичињата и лични предмети и се обидел да ја принуди да потпише поинаков договор за доверливост.

- Шеф кој им наметнува различни работни услови на своите вработени поради нивната сексуална врска е сексуално вознемирување, тврди адвокатот на Ерика - Бенџамин Хобас.

Тајгер и Ерика почнале да се гледаат во 2017 година. Се разделиле во октомври 2022 година. Во тоа време, таа тврдеше дека имала вербален договор дека ќе може да живее во домот на голферот уште најмалку пет години. Но, наместо тоа, по нивната разделба, неговите луѓе ѝ ги спакувале куферите и насилно ја избркале од куќата.

Голферот допрва треба јавно да се произнесе за наводите во обвинението.

Поради прекршување на вербалниот договор, поранешната партнерка на Тајгер Вудс бара отште од 30 милиони долари. Таа, исто така, тврди дека чувала 40.000 долари во готовина во куќата, којашто била присвоена.  си/ссм/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан