• петок, 22 ноември 2024

Таблети за социјално ранливите категории ученици во општина Гевгелија

Таблети за социјално ранливите категории ученици во општина Гевгелија
Гевгелија, 26 април 2022 (МИА) - Во рамки на проектот за унапредување на основното образование Општина Гевгелија од Министерството за образование и наука доби 12 таблети за учениците од социјално ранливите категории во општинските основни училишта. - Таблетите се наменети за учениците од четврто и петто одделение, кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, со цел да им се овозможи еднаков и непречен пристап до користење на современи средства за учење и мултимедијални содржини корисни за нивното образование, велат од општината. Проектот за унапредување на основното образование, што го спроведува ресорното министерство со финансиска поддршка од Светската банка, има цел да го подобри квалитетот во основното образование и да им пружи поддршка во следење на наставата на учениците од ранливите категории и етничките малцинства во општина Гевгелија. им/ар/

Остани поврзан