• недела, 22 декември 2024

Судири во Ерменија, претрес во канцеларијата на опозицискиот лидер

Судири во Ерменија, претрес во канцеларијата на опозицискиот лидер
Ереван, 14 јуни 2020 (МИА) - Во ерменскиот главен град Ереван избија судири меѓу полицијата и демонстранти, за време на протестите кои биле организирани откако припадниците на безбедносните сили извршиле претрес во канцеларијата на лидерот на главната опозициска партија. Повеќе од 90 учесници на протестот се уапсени во судирите пред седиштето на Националната безбедносна служба на Ерменија. Истрагата против лидерот на Просперитетна Ерменија, Гагик Царукјан утврди дека тој е осомничен за вмешаност во нелиценцирани коцкарски активности, оштетувајќи го на тој начин буџетот. Царукјан тврди дека таквите обвинувања се политички мотивирани. Неговата партија има 25 места во Парламентот, кој брои 132 пратеника. гт/

Остани поврзан