• четврток, 04 декември 2025

Станиќ: Со Италија треба да бидеме внимателни

Станиќ: Со Италија треба да бидеме внимателни

Битола, 8.септември 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре го игра својот втор натпревар во квалификациите за Европското првенство 2027. Избраниците на селекторот Горан Станиќ од 18:15 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе играат против Италија.

По поразот во Краков од Полска во петокот, Станиќ очекува сосема поинаков натпревар.

-  Полска е зад нас, ги воочивме грешките и ќе се потрудиме да не се повторат утре против Италија. Имавме и низа позитивни работи од мечот во Краков. Бевме речиси егал во посед на топка, ни недостасуваше последно додавање и завршница, а головите ги примивме наивно. Еден автогол, вториот од сомнителна ситуација за офсајд и последниот по индивидуална грешка. Резултатот не е мерило за играта. Фудбалерите се подготвени за Италија. Анализиравме и планот за мечот е направен. Италија е многу поразлична репрезентација од Полска. Играат различен систем, тактички се на врвно ниво, имаат брзи крила и треба да бидеме многу внимателни, изјави селекторот.

На првиот натпревар избраните на селекторот Станиќ загубија 3:0 од Полска. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан