• недела, 22 декември 2024

Средба на лидерот на БДС, Мунир Колашинац со членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ

Средба на лидерот на БДС, Мунир Колашинац со членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ
Скопје, 27 септември 2021 На покана на Бошњачкиот Демократски Сојуз (БДС) и Бошњачкиот Национален Совет денеска во Република Северна Македонија пристигна членот на Претседателството на Босна и Херцеговина господин Шефик Џаферовиќ. Повод за неговото гостување во нашата држава е годишната свечена академија по повод 28 септември, Денот на Бошњаците во Република Северна Македонија. “28 септември за нас како Бошњаци во Република Северна Македонија е голем ден, и среќни сме што го имаме членот на Претседателството на Босна И Херцеговина како наш гостин. Господинот Шефик Џаферовиќ, ќе биде специјален гостин на утрешната свечена академија по повод Денот на Бошњаците кој ќе се одржи во хотел Континентал на која ќе има и свое обраќање.” – изјави Мунир Колашинац, претседател на БДС. Претседателот на Босна и Херцеговина, утре има закажано работна средба со Претседателот на државата, Стево Пендаровски, а ќе има средби и со Бошњаците во нашата држава. Бошњачки демократски сојуз ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан