Србљак избори пласман на „главниот турнир“ во Куршумлијска Бања
- Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира на „главниот турнир“ ИТФ во Куршумлијска Бања откако оствари три победи во квалификациите
Куршумлијска Бања, 8.јули 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира на „главниот турнир“ ИТФ во Куршумлијска Бања откако оствари три победи во квалификациите. Тој денеска во финалето од квалификациите го совлада Аристрах Сафонов со 2:0 во сетови (7:5 и 7:5), кој беше рангиран како прв носител во квалификациите.
Во првите две кола постигна победи над Валентино Гуардањо од Аргентина со 2:0 во сетови и Астро Пилиповиќ од Србија со 2:1 во сетови.
Следен му е првиот носител на турнирот Стефан Поповиќ од Србија. мн/
Фото: МТФ