• петок, 05 декември 2025

Со два натпревара стартува 10.коло од ПФЛ

Со два натпревара стартува 10.коло од ПФЛ

Скопје, 24.октомври 2025 (МИА) – Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат два натпревара од 10.коло од Првата лига. На стартот на оваа рунда се играат натпреварите во Куманово меѓу Башкими и Шкупи, додека во Кавадарци Тиквеш е домаќин на Арсими.

Во сабота ќе се одиграа дуелите: Работнички – Македонија Ѓорче Петров и Струга – Брера. Почетокот на дуелите во петок и во сабота е во 14:30 часот.

В недела се игра дуелот меѓу Силекс и Пелистер во Кратово со почеток во 13:30 часот, додека дербито на колото на програмата е в понеделник кога во Тетово ќе играат Шкендија и Вардар.

На чело на табелата е Струга со 23 бодови, а следуваат Вардар и Шкендија со по 21 бод. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан