Советот на амбасадори изрази сочувство по повод смртта на амбасадорот Александар Тавчиовски
- -Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот почитуван колега и пријател, амбасадорот Александар – Сашо Тавчиовски. Амбасадорот Тавчиовски ќе го паметиме како еден од основоположниците на Советот на амбасадори — дипломатско здружение кое е препознаено по своите силни заложби за промоција на позитивни идеи и иницијативи на македонската дипломатска сцена и во надворешната политика на земјата, стои во соопштението на Советот на амбасадори.
Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Советот на амбасадори изрази сочувство по повод смртта на амбасадорот Александар Тавчиовски.
-Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот почитуван колега и пријател, амбасадорот Александар – Сашо Тавчиовски. Амбасадорот Тавчиовски ќе го паметиме како еден од основоположниците на Советот на амбасадори — дипломатско здружение кое е препознаено по своите силни заложби за промоција на позитивни идеи и иницијативи на македонската дипломатска сцена и во надворешната политика на земјата, стои во соопштението на Советот на амбасадори.
Од Советот на амбасадори наведуваат дека со неговата визија и искуство, тој остави длабока трага во институционалниот развој на Советот, за што вечно ќе му бидеме благодарни.
-Сашо останува во сеќавањето и на генерации професионални дипломати како колега со висок личен интегритет и човек со силна верба во вредностите на меѓународната соработка. Ќе биде запаметен по неговиот придонес во годините на голем ентузијазам и надеж во Министерството за надворешни работи, кога Македонија се бореше за своето суверено место на меѓународната сцена, како и по неговата дипломатска мисија во ОБСЕ, каде што со достоинство и одговорност ја претставуваше нашата држава.
За нас, неговите колеги од Советот на амбасадори, додаваат оттаму, Сашо ќе остане во ризницата на најдобрите спомени – како пријател, соработник и сопатник во афирмацијата на младата македонска дипломатија. нд/дма/
Фото: МИА архива