• петок, 22 ноември 2024

Словенија продолжува да ги субвенционира платите на граѓаните кои чекаат работа

Словенија продолжува да ги субвенционира платите на граѓаните кои чекаат работа
Љубљана, 24 јули 2020 (МИА) - Словенечката Влада ја продолжи мерката за субвенционирање на платите во периодот додека луѓето чекаат работа, а се проценува дека такви заработувачки за август ќе примат околу 24.000 работници, најави министерот за труд, семејство и социјална политика Јанез Циглер Краљ. Одлуката за продолжување на оваа мерка, која е воведена во април на врвот на кризата предизвикана со пандемијата на Ковид-19, е донесена бидејќи се проценува дека се уште им е потребна на работодавците. - Повеќе од 24.000 работници се уште чекаат работа, бидејќи во некои индустрии нема закрепнување или тоа не е се уште доволно силно за да можат работодавците да ги вработат луѓето, истакна Циглер Краљ, додавајќи дека таа мерка би можела да биде продолжена најмногу до крајот на септември. Агенцијата за вработување на Словенија до 10 јули исплатила 242,5 милиони евра како надомест за плата на работниците, кои се времено отпуштени, покажуваат податоците на словенечката Влада. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан