• петок, 05 декември 2025

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на манифестацијата „Галичка свадба 2025“

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на манифестацијата „Галичка свадба 2025“

Скопје, 13 јули 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на манифестацијата „Галичка свадба 2025“ која се одржува под нејзино покровителство, информираат од Кабинетот на претседателката.

Традиционалното одбележување на „Галичка свадба“ за првпат е одржано во  1963 година и со начинот на презентирање на својата богата културна традиција секоја година привлекува сè поголем број гости од дома и од странство. сст/дма/

Фото: МИА архива

 

   

Остани поврзан