Сите партии се за укинување на „пржинската влада“, владејачките велат со консензус и пред редовните избори
- Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието го достави најавуваниот предлог за укинување на 100 дена „пржинска влада“, пред одржување на парламентарни избори со цел, како што велат од парти


-Брзите предвремени избори се неопходност за државата. Ниту новиот премиер, ниту ова мнозинство има кредибилитет од граѓаните после резултатите од последните локални избори. Анкетите и анализите коишто ги прават и тие самите покажуваат дека граѓаните не им веруваат на ова мнозинство, дека единственото барање односно желба за останување на власт е да продолжат да лажат и да крадат од граѓаните. Затоа ние бараме брзи предвремени избори, рече Мицевски.
Предлогот доби поддршка и од пратениците на Движењето Беса, а партијата, исто така смета дека веднаш треба да се одржат предвремени парламентарни избори.

И ДУИ смета дека какви било промени на Законот за влада заради укинување на „пржинската Влада треба да се направат во согласност со најголемите политички партии. Од партијата велат дека постои начелен договор за укинување на оваа техничка или пржинска влада, но, оти предлогот треба да биде по постигнат консензус за таквото решение. За таков консензус има време, велат од партијата, оти предвремени парламентарни избори нема да има, туку редовни во 2024 година.

Предлогот, како што појасни Арбр Адеми од ДУИ, го добиле во понеделникот на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери.
И ДУИ како и СДСМ, смета дека предвремени парламентарни избори нема да има.
-Ние избравме Влада, максимално и даваме поддршка на Владата. Парламентарните избори се предвидени во 2024, така што ние сме концентрирани на реализирање на владината програма. За таа програма дадовме доверба, гласавме и за кадровските решенија, но и за програмските определби на Владата, така што максимално сме фокусирани на политиките, на мерките и проектите кои се предвидени во владината Програма, рече Адеми.
Опоизиската Алијанса за Албанците, најави дека го разгледува Предлог-законот со кој треба да се укине „пржинската Влада“ и оти дополнително ќе се произнесат дали ќе го поддржат. сст/са/