• петок, 05 декември 2025

Синер нема да игра за Италија во Дејвис купот

Синер нема да игра за Италија во Дејвис купот

Болоња, 20.октомври 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи за својата држава на завршницата од Дејвис купот. Иѕалијанскиот тим ќе го предводи осмиот тенисер на светот Лоренцо Мусети, а Синер (втор на АТП листата) нема да игра. 

Италија е актуелен освојувач на ова натпреварување, а отсуството на Синер е голем хендикеп за оваа репрезентација. 

За разлика од Синер, најдобриот светски тенисе Карлос Алкараз ќе ја предводи Шпанија, а и третиот на АТП листата Александар Зверев ќе биде дел од германскиот тим. 

На завршницата на Дејвис купот ќе настапат осум репрезентации, а двојките во четвртфиналето се: Франција – Белгија, Италија – Австрија, Шпанија – Чешка и Аргентина – Германија. 

Мечевите ќе се играат од 18 до 23.ноември во Болоња.     мн

Фото: ЕПА

Остани поврзан