• понеделник, 23 декември 2024

Си-Ен-Ен: Примерот на Пекинг покажува дека Ковид-19 може да се врати во секое време

Си-Ен-Ен: Примерот на Пекинг покажува дека Ковид-19 може да се врати во секое време
Пекинг, 19 јуни 2020 (МИА) - По 55 дена, откако немаше локална трансмисија во Пекинг и се сметаше дека пандемијата на коронавирус е завршена, вирусот повторно се појави на еден пазар  во Пекинг, од каде се заразија 180 луѓе, пренесува Си-Ен-Ен. За само неколку дена, метрополата од повеќе од 20 милиони жители, се најде со делумна изолација, а на сила повторно беа воведени некои мерки - затворени се училиштата, има ограничен пристап до станбени реони, излегувањето од градот е забрането за стотици илјади луѓе за кои се смета дека имаат закана од зараза. Станува збор за досега најтежок втор удар на коронавирусот, а властите во Пекинг и натаму се обидуваат да ги утврдат причините. „Овој пример служи како јасен потсетник за целиот свет колку лесно овој вирус може да се врати во средини каде што се смета дека е успешно контролиран“, се заклучува во извештајот на Си-Ен-Ен. паг/  

Остани поврзан