СЗО: Ставете ги контактите во изолација
- Во ек на вториот бран на пандемијата на коронавирусот и наглиот пораст на бројот на заразени во Европа и САД, шефот на службата за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан упати порака до властите: ста
Женева, 20 октомври 2020 (МИА) - Во ек на вториот бран на пандемијата на коронавирусот и наглиот пораст на бројот на заразени во Европа и САД, шефот на службата за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан упати порака до властите: ставете ги контактите во изолација.
- Ако имав право на една желба, со цел да подобриме само една работа што навистина можеме да ја поправиме и да ја смениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со потврден случај на Ковид е во карантин за потребниот период, да се скрши ланецот на пренесување, рече Рајан на прес-конференција во Женева.
Според него, тоа не е направено ниту се прави на систематски начин и тоа е една од главните причини што има толку високи бројки.
- Околу половина од земјите во европскиот регион на СЗО минатата недела забележаа 50 проценти зголемување на бројот на инфекции, рече Рајан. паг/