• понеделник, 23 декември 2024

СЗО: Здравствениот систем е исцрпен поради Ковид-19

СЗО: Здравствениот систем е исцрпен поради Ковид-19
Женева, 16 ноември 2020 (МИА) - Здравствениот систем во Европа и САД е исцрпен поради ширење на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

- Многу сме загрижени од зголемениот број на случаи заразени со коронавирус во различни држави, особено во Европа и во САД. Вработените во здравствениот систем доаѓаат до степен на колапс, предупреди Гебрејесус.

Тој ги поздрави „охрабрувачките“ вести за вакцините против Ковид-19, но сепак оцени дека „не е време за задоволство“.

- Тоа е опасен вирус, кој може да го нападне секој орган во телото. Земјите, кои му дозволуваат на вирусот да се шири неконтролирано, си играат со оган, нагласи генералниот директор на СЗО. гт/

Остани поврзан