• сабота, 23 ноември 2024

Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина

Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина

Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска на владина седница беше усвоена информацијата во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина. Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

-Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ  Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101, се вели во соопштението. 

Со посебна информација, како што информира Министерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за  МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91,  лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок. ки/лв/

Остани поврзан